ОФИЦИЈАЛНО! – Кошаркарската Евролига го суспендираше најдобриот играч оваа сезона!

Loading

Најдобриот играч на Монако, а според многумина и најдобриот играч на Евролигата, Мајк Џејмс, е суспендиран од Монако.

евролига

Тој не беше во составот за последниот натпревар против Басконија кој Монако го доби.

Како што се наведува во соопштението на клубот, тој е суспендиран на неопределено време и нема да тренира со тимот.

Ова не е првпат Џејмс да влезе во неволја со клубот во кој настапува, бидејќи ја напушти ЦСКА Москва откако на сличен начин беше исфрлен од тимот.

Исто така минатата сезона имаше конфликт со Митровиќ од Звезда во Монако, но тоа го плати тренерот откако доби отказ и на негово место дојде Саша Обрадовиќ.

Џејмс оваа сезона во Евролигата има 16,5 поени по натпревар со 3,5 асистенции.