НБА: Две ТРАНСФЕР БОМВИ пред крајот на преодниот рок ја потресоа лигата!

НБА лигата ја потресоа две трансфер бомби кои се случија во последните денови од преодниот рок.

Двата најголеми конкуренти за шампионската титула оваа сезона Бруклин Нетс и ЛА Лејкерс донесоа во своите редови Ол Стар играчи.

Најпрво, актуелниот шампион се засили со центарот Андре Драмонд кој го раскина договорот со Кливленд Кавалирс.

Тој во текот на оваа сезона за Кавси одигра 25 натпревари и имаше просек од 17.5 поени и 13.5 скокови по натпревар.

На оваа трансфер бомба реагираше и Бруклин Нетс, кој исто така се засили со Ол Стар играч со доведувањето на Ламаркус Олдриџ од тимот на Сан Антонио Спарс.

Тој како слободен агент се пресели во источната конференција во тимот на Нетси и важи за еден од најдобрите центри во НБА лигата со просек од 19.4 поени и 8.3 скокови во текот на неговата 15 годишна кариера.

Олдриџ кој има 35 години, во 2006 година беше избран како втор пик на драфтот, а освен за Сан Антонио настапуваше и за Портланд.

Тој е седумкратен „Ол-Стар“, а во тимот на Бруклин ќе им се приклучи на Џејмс Харден, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Блејк Грифин.