Енди Мареј тотално ја менува професијата кога ќе замине во тениска пензија – Еве што сака да работи

Трикратниот грен слем шампион, британецот со шкотско потекло Енди Мареј, и откри на широката јавност и на своите фанови со ијавата дека по крајот на својата тениска кариера, ќе се испроба и во некој друг спорт….

Toj призна дека нема ништо против поактивно да се вклучи во фудбалот, но сепак еден друг спорт му претставува најголем предизвик, а тоа е голфот.

  • Мојата компанија се занимавма со менаџмент и работи со млади спортисти. Тоа ќе биде уште еден предизвик за мене, но од друга страна сметам дека ќе биде забавно да се испробам и во некој друг спорт, а тој да не биде тенис. Сакам спортистите да одат по вистинскиот пат, а не како јас кој направив многу грешки и мислам дека со моето искуство можам да им помогнат на другите. Голфот ми е најголема страст и го сметам за возбудлив. Не би било лошо да бидам кеди (носач на палки н.з.) на голф турнирите. Мислам дека има доста сличности со тенисот, пред се тука мислам на психичкиот аспект бидејќи и двата спорта се индивидуални. Можеби со своето искуство би бил од корист – изјави Мареј.

Енди Мареј ќе го пропушти претстојниот тениски мастерс турнир во Мајами поради повреда. 

Моментално е 118-от рангиран тенисер доби покана да игра во Мајами со вајлд-карта, a во првото коло требаше да ги одмери силите против Јужноафриканецот Џорџ Херис.