На Надал не му се верува – Има најдобар старт на сезоната, но за рекордот на Новак може да сонува!

Loading

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го има најдобриот старт на сезоната во кариерата.

надал

По освојувањето на Акапулко, Австралија опен и триумфалниот старт во Индијан Велс стигна до бројката од 17 победи по ред.

Само четворица играчи на АТП турнејата успеаја да постигнат 17 или повеќе победи, од 1990 година до денес.

Станува збор за Пит Сампрас, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Џоковиќ.

Сепак, Шпанецот ќе има голем предизвик да стигне до најдобриот тенисер во светот по бројот на последователни победи, што звучи невозможно.

„Бикот од Мајорка“ игра во одлична форма, но тешко е да се дојде до неверојатната бројка од 41 во доцните тениски години, која Новак ја забележа уште во 2011 година.