Уште само една недела има до стартот на новата сезона во кошаркарската АБА лига, а веќе е познат и распоредот на натпреварите.
Нашиот единствен претставник МЗТ Скопје Аеродром доби пеколен календар каде за 10 дена треба да одигра 5 средби.
МЗТ Скопје на 1 или 2 октомври отвора нагости против Унион Олимпија, а потоа за само два дена во „Јане Сандански“ треба да го пречека Металац, на 6 и на 7 октомври следува дербито во Белград против Партизан, за по само два дена да игра со Мега Лекс исто така во Србија.
Пеколниот распоред во првите пет кола „металците“ го затвораат на домашен терен против Игокеа, натпревар кој треба да се одигра во терминот од 10 до 12 октомври.
Во седмото коло во Скопје гостува Цибона, а во деветтото кое е на програмата на 9 ноември МЗТ Скопје во арената Јане Сандански ја пречекува Црвена Звезда.
Првиот дел од сезоната завршува на 7 март следната година по што стартува разигрувањето за шампионската титула.
За тимот од Аеродром ова ќе биде четврта сезона во регионалната АБА лига, а минатата сезона штковите на 26 средби завршија на 13 позиција, со 7 победи и 19 порази.