Меси дел од Ел Класико, но натпреварот ќе го почне од клупата!

Loading

Аргентинецот Лионел Меси, ќе биде во составот на Барселона на претстојното големо дерби против Реал Мадрид.

messi

Сепак Меси ќе го стартува „Ел Класико“ од клупата за резервни фудбалери, бидејќи се уште не е доволно физички подготвен за да одигра цел натпревар.

Се очекува тренерот Луис Енрике да го внесе во игра во второто полувреме, кога ќе се решава дуелот на Сантијаго Бернабе во Мадрид.

За потсетување, Лео Меси го повреди коленото на 26 септември на мечот против Лас Палмас на „Ноу Камп “, а дури минатата недела започна да тренира со екипата.

el clasico

И Реал Мадрид има проблеми со составот, Карим Бензема е се уште повреден и нема да настапи, додека не е најдобра здравствената состојба и со Серхио Рамос, кој има проблеми со рамото и по „Ел Класико“ ќе замине на операција.