АТП Мастерс Лондон 2015: Федерер и Џоковиќ се првите полуфиналисти!

Loading

Најдобрите тенисери на денешницата Роџер Федерер и Новак Џоковиќ се првите полуфиналисти на завршниот тениски мастер турнир што се игра во О2 арената во Лондон.

fed-djo

Тоа е епилогот по денешното последно 3.коло во групата Стен Смит, каде до победи стигнаа најпрво Федерер, а потоа и Џоковиќ

Федерер во третото коло славеше и трета победа, овојпат над Јапонецот Кеи Нишикори со 2-1 во сетови 7-5, 4-6, 6-4 и се пласираше на првата позиција во групата.

Тој во полуфиналето ќе го чека подобриот од утрешниот дуел кој решава за последниот патник во групата Илие Настасе каде ќе се сретнат Енди Мареј и Стен Вавринка.

Новак Џоковиќ пак во 3.коло го победи чехот Томаш Бердих со 2-0 во сетови 6-3 и 7-5 и на тој начин со две победи се пласираше во полуфиналето каде веќе го чека Рафаел Надал како првопласиран од групата Б кој го обезбеди првото место со две победи.

Утре треба да се комплетира и 3.коло во групата Илие Настасе каде се среќаваат Надал-Ферер и Мареј-Вавринка.