Македонија ги дозна противниците за СП 2017, ова се термините и распоредот на натпреварите!

Loading

Меѓународната ракометна федерација ги објави термините и распоредот за одигрувањето на натпреварите од групната фаза на Светското првенство 2017 во ракомет кое ќе се одигра во јануари 2017 година во Франција.

rakomet makedonija1

Град домаќин за македонските ракометари ќе биде Мец, а првенството ќе го стартуваме на 12 јануари со почетот од 17:45 часот против составот која не елиминира од битката за Олимписките игри во Рио, репрезентацијата на Тунис.

Следува слободен ден, а на 14 јануари од 20:45 часот играме против аутсајдерот во групата Б, репрезентацијата на Ангола.

Потоа повторно е ден за одмор, а на 16 јануари од 17:45 часот ќе гледаме интересен дуел помеѓу Червар и Вујовиќ односно Македонија и Словенија.

Репрезентацијата на Шпанија е претпоследната пречка во групната фаза со која ќе играме на 18 јануари од 20:45 часот, а против Исланд на 19 јануари од 17:45 часот ќе го заокружиме настапот во групата Б, по што ќе стане јасно дали нашата репрезентација ќе обезбеди пласман помеѓу првите четири репрезентации во групата кој носи учество во осминафиналето.