Македонија денеска ќе ги добие противниците за СП во ракомет 2017 во Франција!

Ракометна Македонија денеска попладне ќе ги дознае противниците за Светското првенство во Франција што ќе се игра од 11 до 29 јануари 2017 година.

grupi

Македонската репрезентација ќе биде во третиот шешир, во кој се и селекциите на Шведска, Русија и Белорусија против кои не ќе може да игра во првата фаза.

Во другите шешири се овие репрезентации:

Шeшир 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија.

Шешир 2: Хрватска, Словенија, Данска, Полска.

Шешир 4: Унгарија, Исланд, Бразил, Египет.

Шешир 5: Тунис, Чиле, Бахреин, Јапонија.

Шешир 6: Аргентина, Ангола, Саудиска Арабија, Норвешка.

Извлекувањето на групите во Париз ќе почне во 14 часот, а натпреварите од ракометниот Мундијал ќе се играат во 8 градови: Париз, Нант, Лил, Монпеље, Албервил, Руан, Брест и Мец.