Левандовски им забива нож во грб на Реал – Преминува во најголемиот ривал!

Loading

Каталонците прават моќен тим!

Еден од најдобрите светски фудбалери, Полјакот Роберт Левандовски од следната сезона ќе го носи дресот на шпанска Барселона, тврди „Спорт Италија“.

Полјакот наводно договорил се со каталонскиот клуб и е подготвен да го напушти Баерн Минхен.

Левандовски не ја продолжи соработката со Баварците со кои има важечки договор до 2023 година.

Барселона е подготвена да издвои 60 милиони евра за обештетувањето.

За да го доведат Левандовски, Каталонците се подготвени да направат одредени кратења во тимот. Се очекува продажба на некои играчи, но и намалување на платите.