(ВИДЕО) Што кажа нашиот дијамант Елиф Елмас за натпреварот со Португалија?

Loading

Еден од најдобрите репрезентативци на Македонија, Елиф Елмас не играше против Италија поради суспензија, но сега враќа во составот на Милевски за дуелот со Португалија и ќе биде големо засилување за нашиот состав.

Крилниот напаѓач верува дека со максимална борба на теренот може да се оствари посакуваната победа, иако е свесен за квалитетите на противникот и дека ова е најголемиот предизвик досега на оваа генерација.

„Ова ќе биде еден од најтешките натпревари, еден од највозбудливите до сега за сите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме сонот од деца, на сите на цела нација, на цела држава. Мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја пропуштиме. Ова ќе биде поразличен натпревар, затоа што мислам дека Португалија е поквалитетна индивидуално од Италија. Се игра финале, знаат дека не смеат да не потценат а би сакал да не потценат. Ова е финале и само 90 минути ги делат двете репрезентации од Светско првенство.“ – вели Елмас.