Ракометниот клуб Вардар потпиша тригодишен договор со највисокиот играч во Лигата на шампионите, 213 сантиметри високиот летонец Даинас Кристопанс.
Кристопанс сезонава настапува за екипата на Мешков Брест, а договорот со Вардар ќе започне да важи од сезоната 2017/2018.
Тој игра на позицијата десен бек, и ќе го замени Алекс Душебаев од следната сезона ќе игра за Кјелце.
„Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана.
,,Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети“, изјавил Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
,,Време е за нов предизвик во мојата кариера, мојата одлука падна на Вардар, клуб кој ми понуди најдобри услови за напредок во кариерата.
,,Вардар е еден од најамбициозните тимови во светот во моментот – изјави Кристопанс на интернет страната на РК Вардар.
Кристопанс лани ја имаше најдобрата сезона во ЛШ, постигнувајќи 62 гола, а сезонава постигна 23 гола на пет натпревари.
Во СЕХА лигата има постигнато 25 гола на седум натпревари, и е втор најдобар стрелец во тимот.