Видео: Тешка повреда на Флоренци, Рома ќе биде без него 6 месеци!

Loading

Алесандро Флоренци доживеа тешка повреда на меч помеѓу Рома и Сасуоло.

флоренци

Волчицата славеше со пресверт за конечни 1-3.

Младиот фудбалер се повреди во второто полувреме и мораше да го напушти теренот на носилки.

„На Флоренци му беа извршени медицински прегледи кои покажаа дека ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

Операцијата е веќе закажана за денеска – стои во соопшетнието на клубот од Рим.

Повредата не е нималку наивна, а по операцијата на младиот фудбалер ќе му претстои долга рехабилитација, па тој ќе мора да замине на принуден одмор до 6 месеци.

Погледнете како се повреди Флоренци…