Без Грин Голден Стејт немоќен, Кливленд славеше со 112-97 за намалување на 3-2 во финалето

Loading

Се одигра и 5-тиот натпревар од финалето на НБА лигата помеѓу Голден Стејт и Кливленд.

ирвинг

Во Оукленд домашниот тим ја испушти првата меч топка, а гостите Кливленд славеа со 112-97 и го намалија резултатот во серијата на 3-2 во победи.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг заедно искомбинираа 82 коша и двајцат по 41 поен и не дозволија Голден Стејт да слави и да ја одбрани титулата.

Ова е прв пат во историјата на финалните натпревари двајца играчи од ист тим да постигнат повеќе од 40 поени на еден натпревар.

Кливленд, во финишот на мечот ја обезбеди победата, користејќи ги грешките на Голден Стејт, чии играчи се потпираа на шутот за три поени.

џејмс-ирвинг

Џејмс заврши со 41 поен, 16 скокови и 7 асистенции, што е прв ваков учинок во плејоф историјата, Ирвинг постигна 41 поен и 6 асистенции.

Во тимот на Голден Стејт, Клеј Топмпсон постигна 37 поени, Стеф Кари додаде 25, а Игудала оствари „дабл-дабл“ од 15 поени и 11 скокови.

Домаќинот беше ослабен со неиграњето на ол старот Дрејмонг Грин кој доби суспензија на овој меч.

Финалната серија се враќа во Кливленд, а шестиот меч ќе се игра в петок навечер.

Инсерти од мечот…