Фудбалерите кои ќе настапат на 15-то континетално првенство во Франција имаат вредност од 5 милијарди евра.
На врвот на репрезентациите е светскиот шампион Германија, а поединечно е Кристијано Роналдо.
Најскап тим имаат Германците, вредноста на актуелните светски шампиони изнесува 562 милиони евра, па следува Шпанија со 557,5, Франција со 487, Англија со 477 и Белгија со 460,9 милиони евра.
Поединечно, Кристијано Роналдо се проценува на 110 милиони евра со што е најскапиот играч кој ќе настапи на шампионатот, а веднаш зад Португалецот е неговиот соиграч од Реал Мадрид, Герет Бејл со 80, па следуваат двајца од Баерн Минхен, Томас Милер и Роберт Левандовски со 75, односно Еден Азар, Пол Погба и Антоан Гризман чија пазарна вредност е проценета на 70 милиони евра.
Ова вредноста на репрезентациите кои ќе настапат на ЕВРО 2016:
Германија 562 милиони евра, Шпанија (557,5), Франција (487), Англија (477), Белгија (460,9), Португалија (321,7), Хрватска (272,2), Италија (272), Турција (186,6), Полска (175), Швајцарија (174,8), Велс (170), Русија (130), Украина (128,6), Австрија (128,2), Ирска (89,3), Шведска (86,6), Словачка (84), Чешка (64,4), Романија (54), Албанија (46,1), Исланд (41,1), Северна Ирска (35), Унгарија (27,3).
Ова се топ 20-те најскапи фудбалери кои ќе настапат на ЕВРО 2016 во Франција:
Кристијано Роналдо (Португалија, 110 милиони евра), Герет Бејл (Велс, 80), Томас Милер (Германија, 75), Роберт Левандовски (Полска, 75), Еден Азар (Белгија, 70), Пол Погба (Франција, 70), Антоан Гризман (Франција, 70), Кевин Де Брујне (Белгија, 60), Лука Модриќ (Хрватска, 50), Тони Крос (Германија, 50), Месут Езил (Германија, 50), Серхио Бускетс (Шпанија, 50), Коке (Шпанија, 50), Сеск Фрабрегас (Шпанија, 45), Мануел Нојер (Германија, 45), Иван Ракитиќ (Хрватска, 45), Давид Алаба (Австрија, 45), Рахим Стерлинг (Англија, 45), Серхио Рамос (Шпанија, 40), Пике (Шпанија, 40), Џером Боатенг (Германија, 40), Хари Кејн (Англија, 40).