Копа Америка 2016 – Аргентина им се реваншира на Чиле со победа од 2-1

Аргентина и Панама со победи го стартуваа на 100-то издание на Копа Америка што се одржува во САД.

argentina

Во натпреварите од првото коло во Групата Д, Аргентина го победи бранителот на трофејот Чиле со 2-1, додека Панама со идентичен резултат славеше над Боливија.

Аргентина, без Меси, успеа да му се одмазди на Чиле за поразот во финалето минатата година и со головите на Анхел Ди Марија и Евер Банега победи со 2-1.

Головите на натпреварот кој се одигра во Санта Клара беа постигнати во второто полувреме, Ди Марија по асистенцијата на Банега погоди во 51.минута, а по еден час игра овие дваца ги сменија улогите, Ди Марија му асистираше на Банега за 2-0.

banega-maria

Почесниот гол за актуелниот шампион на Копа Америка го постигна Хосе Педро Фунисалидо во 93.минута.

Панама на мечот со Боливија испиша историја, бидејќи стана првиот тим кој добил специјална покана за настап, а Копа Америка ја започнал со победа.

Напаѓачот на Ванкувер, Перес по 11 минути игра и донесе предност на Панама, Боливија израмни во 54.минута со голот на ветеранот Хуан Карлос Арсе, а победа на Панама и донесе Перес со својот втор гол во 87.минута.

panama

Натпреварите во Групата Д не минаа без гафови од страна на организаторот, откако вчера на Уругвајците им ја пуштија химната на Чиле, денеска за време на интонирањето на чилеанската химна паралелно одел и еден од хитовите на музичарот Питбул, додека на големиот екран на вистински начин било поставено знамето на Боливија.

Вечерва се играат САД-Костарика и Колумбија-Парагвај.