Карло Анчелоти кандидат за тренерското место во Ливерпул

Loading

Карло Анчелоти би можело да го преземе Ливерпул, а челниците на клубот контактирале со Анчелоти со намера да го замени Брендан Роџерс, кој беше критикуван поради тоа што екипата не победила на последните 5 натпревари и се наоѓа на 13-тото место во Премиер лигата.

Carlo-Ancelotti-800x525

Анчелоти е без ангажман, откако на крајот на минатата сезона го напушти Реал Мадрид.

Стручњакот има богата кариера зад себе, а во Англија освојуваше титули со Челзи, во Италија со Милан и во Франција со ПСЖ.

Три пати го освои пехарот на Лигата на шампионите, со Милан (2003, 2007) и со Реал Мадрид (2014).

Како ќе се одвиваат разговорите останува да видиме во следниот период и дали Брендон Роџерс наскоро ќе добие отказ ако продолжи со лошите резултати.