Јокиќ ни ја откри долго чуваната тајна – Освен кошарка, негов омилен спорт му е и …

Никола Јокиќ, МВП-то на регуларниот дел од последната НБА сезона, доби подарок дрес на српската репрезентација во одбојка на песок.

Кошаркарот на Денвер Нагетс истакна дека одбојката на песок е неговиот омилен спорт, а факт е дека со години игра рекреативно во Сомбор, на завидно ниво.

Во име на Одбојкарската федерација на Србија, дресот на Никола Јокиќ му го врачија Милош Алексиќ, тренерот на репрезентацијата на Србија и Милош Поповиќ, делегатот на ОСС во Втората лига на Србија.

Одбојка на песок е еден од најпопуларните спортови на Олимписките игри, а интересно е што многу врвни спортисти играат одбојка на плажа во слободното време.