ВИДЕО: Милан во своите редови донесе италијански репрезентативец!

Loading

Вицешампионот на Италија, Милан го донесе во своите редови репрезентативецот Алесандро Флоренци од Рома за само 1 милион евра на едногодишна позајмица со можност за откуп на неговиот договор следното лето.

„Росонерите“ доколку решат да го откупат договорот на фудбалерот цената ќе биде четири милиони евра.

Флоренци доаѓа да биде замена за Давиде Калабрија, а Андреа Конти е на излезна врата од клубот.

Флоренци минатата сезона беше позајмен во редовите на ПСЖ, а претходно една сезона играше и за Валенсија. Цели осум години го носеше дресот на „римската волчица“.

Флоренци го избра и бројот на дресот, а во Милан ќе ја носи 25-та.