Кристијано Роналдо е подготвен на лето да ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед.
Медиумите на Островот пренесуваат дека клубот нема да му застане на патот на 37-годишниот напаѓач доколку сака да си замине.
„Мирор“ пренесува дека Португалецот наводно најавил дека ќе си замине доколку тимот не избори пласман во следниот циклус од Лигата на шампионите.
Јунајтед моментално е на четвртото место, што го води во елитното натпреварување, но за тоа место ќе има голема борба, особено со Арсенал, Тотенхем и Вест Хем, како и со тимот на Вулверхемптон, а многумина имаат натпревар или повеќе или помалку од Манчестер.
Роналдо не успеа да постигне гол на шест врзани натпревари пред мечот со Брајтон (2:0), но сепак е најдобар стрелец на тимот оваа сезона.
ЦР7 постигна 15 гола во сите натпреварувања.
Весникот пишува дека во Јунајтед преовладува мислењето дека доаѓањето на Роналдо летово било „грешка во проценката“, а тоа е направено пред се од комерцијални причини, за да не му се приклучи на градскиот ривал Манчестер Сити.
„Црвените ѓаволи“ денеска славеа нагости кај Лидс во „Дербито на розите“ до 4-2 во рамките на 26. коло од Премиер лигата.