ИБРА во свој стил стана хит – Прочитајте каков легендарен одговор доби на едно прашање од навивач!

Loading

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ неодамна го продолжи договорот со Милан на уште една сезона со значително намалување на платата.

фото: Profimedia

Иако Ибрахимовиќ наскоро ќе го прослави својот 41 роденден, тој се уште нема намера да се пензионира бидејќи верува дека игра фудбал на највисоко ниво.

Ибра најверојатно ќе го пропушти првиот дел од сезоната поради операцијата на коленото, но изјави дека не му е тешко бидејќи сигурно ќе им биде од голема помош на Росонерите кога ќе се врати на теренот.

Интересно е што Ибрахимовиќ одговараше на прашањата на фановите на Инстаграм, а еден од нив го праша дали размислува да стави крај на кариерата, а Ибра во свој стил му одговори.

„Никогаш! Ако се пензионирам, тогаш фудбалот ќе умре“, кратко изјави Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на Милан веќе го започна процесот на опоравување од повредата на коленото што го оперираше пред речиси два месеци.

Неговото враќање на терените се очекува дури на почетокот на 2023 година.