(ВИДЕО) ВРИЕ во Јунајтед! – Роналдо сменет против Рајо, замина од стадионот пред да заврши мечот!

Loading

Кики Роналдо одново го шокираше фудбалскиот свет по потегот кој го направи на пријателскиот меч против Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски што се одигра на Олд Трафорд.

Португалецот одигра само едно полувреме, а во вториот дел не се појави на теренот. На негово место влезе Амад Дало, кој подоцна ја погоди мрежата на Рајо Ваљекано, што може да биде уште еден сигнал до Роналдо дека клубот ќе се снајде без него.

Натпреварот заврши без победник 1-1, а гостите израмнија во 58-та минута од мечот.

Потсетуваме, претходните денови многу се зборуваше за заминувањето на Кристијано, пред се поради тоа што се уште сака да игра во Лигата на шампионите.

Јунајтед не успеа да избори место, а рекордерот по број на голови во европската елита не сака да му го отстапи местото најдобар стрелец на Лионел Меси.

Исто така, претходните денови се појавија вести за несекојдневните предлози на Кристијано Роналдо.

Тој наводно му понудил на клубот од „Олд Трафорд“ да му го продолжи договорот, а потоа да излезе на позајмица или веднаш да го раскине договорот и да биде слободен да избере нова средина.

Сепак, не многу клубови се заинтересирани за неговите услуги следната сезона…

Погледнете ја фотографијата која ги шокираше навивачите на Манчестер Јунајтед: