Македонските одбојкарски репрезентативци, кои оваа сезона ги има дури четворица на број во најсилната француска Про А – лига, стартуваа максимално ефикасно, а со исклучок на Милков кој загуби од Каен, тимот на Јосифов, и победнички.
Единствениот наш репрезентативец кој и претходната сезона настапуваше во првенството на Франција, Јовица Симовски, со својот тим Ајачио шампионатот го отвори победнички, откако славеше на гостувањето кај екипата на Сете со 0-3 во сетови (23-25, 20-25, 23-25). Популраниот „гума“ беше убедливо најдобар поентер во својот тим на денешниот натпревар со 26 реализирани поени.
Одлично деби во еден официјален меч за својот нов клуб Париз имаше капитен на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев, кој во победата над Нант од 3-1 во сетови (25-20, 25-19, 23-25, 25-20), оствари ефект од 17.поени.
Во дуелот на клубовите каде настапуваат двајца наши интернационалци, победник излезе Ѓоко Јосифов со Каен, кој триумфираше на гостувањето против Монпелје на Александар Милков со 1-3 во сетови (25-27, 21-25, 30-28, 19-25). Александар Милков иако оствари солиден ефект од 17 поени, не успеа да му помогне на својот нов клуб да го избегне поразот на стартот од сезоната. Нашиот интернационалец во дресот на Каен, Ѓоко Јосифов, за разлика од Милков, немаше забележителен учинок на денешниот меч.