Мото ГП: Валентино Роси најбрз во Австралија

Loading

Валентино Роси

Италијанскиот мотоциклист, ветеранот Валентино Роси, е победник на трката за ГН на Австралија во Мото ГП. Тој успеа да стигне до првото место на подиумот иако стартуваше од осмата позиција. Меѓутоа со одлично возење во текот на целата трка стигна прв на целта, а го искористи излетувањето и на шампионот Марк Маркез, кој на десет круга пред крајот го заврши својот настап.

Валентино Роси ја комплетираше трката за време од 40:46.405 минути. На втората позиција во Австралија се пласираше Хорхе Лоренцо, тимскиот колега на Роси од Јамаха, додека трет на целта стигна Бредли Сит.