Германецот Долдерер ја обезбеди титулата во Red Bull Air Race со историска победа во Индијанаполис

Матијас Долдерер од Германија стана новиот херој на Инди, со победа на првата трка на Red Bull Air Race на легендарниот автодром во Индијанаполис.

индијанаполис

На тој начин Долдерер ја обезбеди победата на Светското првенство 2016 уште пред финалето на сезоната.

Најџел Лемб од Велика Британија на Инди долета како втор, а Пит МекЛеод од Канада го освои третото место.

Над 62.000 вљубеници во трките на 1-2 октомври беа сведоци на испишувањето на новата страница во историјата на мотоспортот, кога Германецот победи на првата трка од Светскиот шампионат на легендарниот автодром Индијанаполис – што воедно е и прва победа за Германија.

Со само уште една трка до крајот, осма по ред, светскиот шампион Најџел Лемб беше втор, додека Северноамериканецот Пит МекЛеод го освои третото место во Инди.

Долдерер, кој овој момент го чекаше пет сезони, доминираше во сезоната 2016, а ја имаше и својата прва победа во кариерата во април.

Публиката во Индијанаполис остана без здив кога и единствениот пилот со шанса да го претекне Германецот оваа сезона, Австралијанецот Мат Хол, влезе во финалната четворка.

авио трки

Но кога Австралијанецот во својот лет , во кој даде се од себе, удри во воздушен столб, само Долдерер остана во борба за титулата, а со своето време од 1:03:335 ја обезбеди победничката круна.

Иако Хол беше разочаран, сепак неговите напори да оди на се или ништо се покажаа како доволни за обезбедување на второто скалило од подиумот на Светскиот шампионат во Лас Вегас.

,,Ова е чудесно. Многу напорно работевме на тоа и сонот ни се оствари,“ изјави Долдерер опиен од победата, кој воедно е и прв пилот кој ја освоил шампионската титула пред финалето на сезоната.

„Имам толкав наплив од емоции, што ми е тешко да ги контролирам. Му благодарам на моето семејство, на навивачите, на сите овде, во Индијанаполис, и на мојата екипа – ја имам најдобрата екипа на светот.“

Во Челинџер класата во неделата претпладне, Лук Сепила ја освои првата победа во својата кариера во Red Bull Air Race, која воедно е и прва победа за неговата татковина Полска.

Билетите за финалето на сезоната 2016 од Светското првенство Red Bull Air Race на 15-16 октомври на автодромот во Лас Вегас веќе се во продажба.

Резултати (Мастер класа):

1. Матијас Долдерер (Германија)
2. Најџел Лемб (Велика Британија)
3. Пит МекЛеод (Канада)
4. Мат Хол (Австралија)
5. Јошихиде Муроја (Јапонија)
6. Николас Иваноф (Франција)
7. Мартин Шонка (Чешка)
8. Хуан Веларде (Шпанија),
9. Петр Копфстајн (Чешка),
10. Мајкл Гулијан (САД),
11. Петер Подлуншек (Словенија)
12. Франсоа Ле Вот (Франција)
13. Кристијан Болтон (Чиле)
14. Кирби Чемблис (САД)

Табела:

1. Матијас Долдерер (Германија) 80,25 поени,
2. Мат Хол (Австралија) 55,75 поени.
3. Ханс Арх (Австрија) 41 поен,
4. Најџел Лемб (Велика Британија) 37,75 поени,
5. Николас Иваноф (Франција) 35 поени…