Во последниот меч од вчерашната програма, Франција со многу мака успеа во финишот да ја победи Албанија со 2-0 иако нашите соседи беше на чекор до големо изненадување.
Франција со головите на Гризман и Паје успеа да победи и да се пласираат во осминафиналето од Европското првенство.
Албанија имаше 0-0 се до 90. минута. Гризман постигнува гол во 90. минута за водство на Франција од 1-0.
Во судиското продолжение погоди и Димитри Паје по еден одличен соло продор и ги постави конечните 2-0.
Албанија може да жали што не успеа да дојде до бод, својот прв успех на Европските првенства ќе го брка во последното коло против Романија.