Македонија во третиот меч стигна до прв триумф на турнирот во Кина!

Македонските кошаркари ја забележаа првата победа на турнирот во Кина, откако во третото коло од натпреварување славеа против колеџ составот на САД со 69:67.

турнир кина

Нашите млади кошаркари против најсилниот ривал го одиграа најквалитетниот натпревар на турнирот во Кина со што покажаа дека на нив може сериозно да се смета за идните репрезентативни акции.

Во првите две четвртини нашиот тим  бил максимално рамноправен противник на силниот колеџ тим од САД.

Првото полувреме заврши со израмнети 33-33, а во исто темпо црвено жолтите ги одиграле и последните две четвртини.

По 30 минути игра нашиот состав предводен од одличниот Тимс и солидниот Варда имал негатива од само 6 поени 47-53.

Со неколку брзи поени на стартот на решавачката четврта делница комбинираниот македонски состав влегува во егал финиш, на 29 секунди пред крајот резулатот бил израмнет 67-67.

Херојот за нас беше Љубомир Младеновски кој постигна погодок во последните секунди од одбојка, и така му ја донесе првата победа на турнирот во Кина на Македонија.

Најефикасни во македонскиот тим беа Тимс со 23 поени за 28 минути игра, Варда со 13 поени и Младеновски со 12 поени и 12 скока, во листата на стрелци се запишаа и Дујковиќ со 6 поени Њубери 8 и Вудс со 7 коша.