(ФОТО) Историски резултати закитени со медали на македонските каратисти на СП во Турција!

На 12 -то Светско Првенство за Кадети, Јуниори и У21 во Карате – Македонија направи историски резултат, двајца наши спортисти се пласираа во финале во У21 и тоа Витомир Трајковски во категорија – 84 кг и Стефан Стојановиќ во категорија + 84 кг.

Селекторот на репрезентацијата за У21 Александар Кузмановски е задоволен од постигнатиот успех и очекува златни медали да се пее Македонската химна и да се вее нашето знаме на највисокиот јарбол.

,,Оваа генерација ветува многу заедно со селекторите Дејан Ристески и Берат Јакупи имавме подготовки во Скопје и во Дојран со целиот национален тим каде атмосферата помеѓу репрезентациите се подигна на највисоко ниво и мотивот за постигнување на резултат.

Имаме пласмани како 7, 9 место и во борби и во кати но сега сме насочени кон златен медал зошто тоа го очекува таборот на цела КФМ.

Нашата и цел на Карате Федерација на Македонија беше и ја постигнавме а тоа е континуитетот на постигнување на спортски резултати од карате спортот кој е и најтофеен спорт во Македонија и најдобра национална федерација која за ова првенство максимално ги подржа сите натпреварувачи да отпатуваат и да настапат на целосен финансиски трошок на КФМ.

Институциите на спорт во Македонија треба да го поздрават овој успех и да дадат максимална финансиска подршка поради фактот што ова Светско Првенство имаше 105 земји од цел свет и вкупно 1800 натпреварувачи.

Македонија го постигна најголемиот спортски резултат во рамките на карате спортот во оваа категорија и воопшто во целиот спорт во Македонија,, соопштуваат од Карате Федерацијата на Македонија.

Инаку нашите каратисти се закитија со сребрените медали во своите категории. Витомир Трајковски во големото финале на Светското карате првенство за кадети јуниори во Турција, во У-21 до 84 килограми загуби од Италијанецот Матео Фиоре 1-4.

Додека Стефан Стојановиќ (+84 кг) во финалето загуби со 1-6 од Санад Суфјани од Саудиска Арабија.