(ВИДЕО) Ја воодушеви публиката, но го разгори гневот на тренерот – Потегот на Антони уште се зборува и негативно се коментира!

Манчестер Јунајтед лесно се справи со молдавски Шериф, во петтото коло од Лига Европа, совладувајќи го со 3:0. Головите ги постигнаа Далот (44), Рашфорд (65) и Роналдо (81).

Натпреварот го одбележа несекојдневен потег на Бразилецот Антони, фудбалер на кого Јунајтед летово му плати на Ајакс дури 100 милиони евра.

Во 37. минута Антони ја прими топката на десната страна и почна да се врти со неа во круг, а потоа испрати погрешно додавање до Касемиро.

Иако публиката на Олд Трафорд беше воодушевена од Бразилецот, неговиот потег наиде на осуда од твитер заедницата и јавноста. Дури и тренерот на Манчестер, Ерик Тен Хаг, само одмавна со главата и го остави на клупата на полувремето.

,,Немам проблем со таа финта се додека е функционална, но барам повеќе да трча и да поминува повеќе време во шеснаесетникот. Ако не ја изгуби топката со финтата и таа е функционална, немам ништо против, но ако тоа го направи само за финта, нема повеќе да го прави тоа – изјави Тен Хаг по натпреварот.

Роби Севиџ, поранешниот репрезентативец на Манчестер Јунајтед и Велс, го критикуваше потегот на Антони.

,,Смешно… Дури и малку непријатно бидејќи никој не беше никаде во негова близина. Потоа ја исфрли топката надвор од игра. Да сум негов тренер, немаше да бидам среќен. Посебно при резултат 0:0 – изјави Севиџ.

ОВА Е ПОТЕГОТ НА АНТОНИ ПРОТИВ ШЕРИФ….