РОМЕЛУ ЛУКАКУ повторно е играч на Милански Интер.
Белгискиот репрезентативец пристигна на едногодишна позајмица од Челзи, клубот кој минатата година го купи од Интер за 113 милиони евра.
Интер ќе му ја покрие целата плата за оваа сезона, но во договорот нема опција или обврска за откуп.
Лукаку помина две одлични сезони во Интер и постигна 64 гола на 95 натпревари и беше еден од најзаслужните што Интер ја освои Серија А во 2021 година.
Welcome back Rom 🖤💙 pic.twitter.com/VNnIZyMjs5
— Inter (@Inter) June 29, 2022
Тој не продолжи во таа форма во Челзи и постигна само 15 гола на 44 настапи, половина помалку од претходната сезона во Интер, кога имаше исто толку настапи.
Во долгови до гуша – Интер не го реши проблемот ниту со продажбата на Лукаку и Хакими!