(ВИДЕО) Дојде на Вимблдон без тренинг и на крајот кажа, МРАЗАМ ТЕНИС!

ФРАНЦУСКИОТ тенисер Беноа Пер се наоѓа на 73. место на АТП ранг листата.

фото: TENNIS PHOTO NETWORK

Најдобриот пласман во кариерата му е 18. место во 2016 година, а овој 33-годишник само од турнири заработил речиси десет милиони евра.

Запаметен е по контроверзните изјави и потези, како на пример кога на публиката и ги покажа гаќите.

Во интервју за L’Equipe тој призна дека на Вимблдон стигнал без тренинг и дека по Ролан Гарос играл тенис само три-четири часа.

Во првото коло во сингл загуби од Квентин Халис, додека во двојки со Шпанецот Алберт Рамос-Винолас загуби од Никола Мектиќ и Мате Павиќ.

„Порано го сакав тенисот, тоа што сум на теренот, тие моменти на напнатост. Сега не ми се допаѓа, мразам тенис. Мразам да излегувам на теренот. Ми доаѓа да бегам секогаш кога ќе стапнам на него. Имам напади на анксиозност на теренот, не можам да издржам. Морам да го вратам задоволството од играњето тенис“, изјави Пер.