Рекордерот на УФЦ во тешка категорија по бројот на успешни одбрани на шампионски појас, СТИПЕ МИОЧИЌ, нема намера да се повлече од борбата, туку повторно да се искачи на тронот.
![](https://i0.wp.com/sporty.mk/wp-content/uploads/2022/06/stipe.jpg?resize=800%2C533&ssl=1)
Тој беше нокаутиран во март 2021 година од Френсис Нгану. Американскиот ММА борец со хрватско потекло ја зграпчи својата прва титула во 2016 година против Фабрицио Вердум, а потоа успешно го одбрани појасот против Алистер Оверем, Јуниор дос Сантос и Нгану.
Поразот од Даниел Кормиер го собори, но во повторната борба го врати, а уште една во таа трилогија донесе потврда дека тој е можеби најдобриот борец во тешката категорија на УФЦ.
Во моментов во таа категорија управува Нгану, а Миочиќ по тој пораз не се врати во октагонот.
Сепак, ќе следи негов нов обид да го врати појасот.
,,Мразам порази“, изјави Миочиќ за Sports Illustrated, додавајќи дека поради нив е фокусиран, па последната борба со Нгану ја прокоментира:
“Тој победи. Тоа е сè што можам да кажам. Има добар удар. Тоа е таква игра. Мислам на тоа секој ден. Секогаш е така кога губам. И фактот што размислувам за тоа ме нервира”.
Во паузата меѓу таа и следната борба, Миочиќ и неговата сопруга го добија второто дете, а се надева дека со повторно освојување на појасот ќе им одржи лекција на синот и ќерката.
„Тоа е можност да се покаже дека кога сте доле, нокаутирани, треба да станете и да продолжите напред. Сè уште тренирам и следам што се случува. Планирам да освојам нов појас“, рече тој.