Федерер го гледал мечот на Надал и Новак и рекол, ова е невозможно!

Loading

Роџер Федерер, легендарниот швајцарски тенисер, призна дека го гледал дуелот на неговите големи ривали Новак Џоковиќ и Рафел Надал.

фото: PROFIMEDIA

Сепак, како што рече, само еден дел од натпреварот и тоа пред спиење.

Не го интересираше финалето, но беше импресиониран од успехот на Шпанецот.

,,Не го гледав финалето, но го гледав четвртфиналето пред да си легнам. Генерално, неверојатно е што постигна Рафа. Рекордот на Пит Сампрас, кој го соборив, беше 14 Грен слем титули, а сега Рафа има 14 само на „Ролан Гарос. Се радувам за него и му симнувам капа. По десеттиот или единаесеттиот пат, веќе помислив: „Ова е невозможно“.