Деновите на Роналдо во Јунајтед му се изброени – Тренерот повеќе не го сака во тимот!

Loading

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг им порача на сопствениците на клубот од „Олд Трафорд“ дека Кристијано Роналдо повеќе не треба да игра за „црвените ѓаволи“.

фото: EPA/SAVVIDES PRESS

Роналдо (37) пред неколку дена во интервју за британскиот новинар Пирс Морган изјави дека се чувствува изневерен од Манчестер Јунајтед и истакна дека се обиделе да го избркаат од „Олд Трафорд“.

Португалскиот фудбалер истакна дека не го почитува Тен Хаг и додаде дека семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед, не е заинтересирано за спортските резултати на клубот.

,,Тен Хаг лично им ја соопштил својата позиција на клупските челници Џоел Глејзер, Ричард Арнолд и Џон Муртау. Поради оваа средба го одложи семејниот одмор. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се бесни на Роналдо, а клубот во моментов размислува кои процедури согласно законот и прописите може да ги покрене против Роналдо чија месечна плата изнесува повеќе од два милиони евра. Тен Хаг сака Роналдо да го напушти клубот веќе во јануари следната година, бидејќи Португалецот со овој потег се обидел да го наруши единството во тимот – наведува „ЕСПН“.

Роналдо има договор со Манчестер Јунајтед до јуни следната година. За „црвените ѓаволи“ оваа сезона одигра 16 натпревари, а постигна три гола и имаше две асистенции.