Чичарито стана нов играч на ,,чеканите – Вест Хем доби големо засилување во нападот (видео)

Loading

Мексиканецот Хавиер Хернандез или популарен како Чичарито. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед потпиша со Вест Хем Јунајтед.

Chicharito1

„Чеканите“ му платија на Баер Леверкузен околу 18 милиони евра и привлекоа уште едно квалитетно засилување, откако од почетокот на летото веќе се засилија со Џо Харт, Пабло Забалета и Марко Арнаутович.

Договорот е во трајност од 3 години. Вест Хем се наоѓа моментално во Германија, а Чичарито треба да се приклучи кон кампот.

Тој ќе се сретне со менаџерот Славен Билиќ и новите соиграчи.

Мексиканецот помина 2 години во Баер Леверкузен. Запиша 39 гола во 76 натпревари за „аптекарите“.