Македонија има нови херои – Младите ракометари со историски пласман во 1/8 на СП во Алжир (видео+фото)

Македонската репрезентација до 21 година избори историски пласман во 1/8 финалето на СП 2017 што се одржува во Алжир.

mkd

Македонија во клучниот меч во групата Ц, во последното 5.коло ја победија селекцијата на Бразил со 28-23.

Уште на стартот избраниците на Илија Темелковски поведоа со два гола разлика. Бразилците за брзо време ја анулира разликата и се до 20 минута се играше израмнето. Во последните 10 минути од првиот дел Македонија постигна 5 а прими само два гола и на полувреме имавме предност од 14-11.

Второто полувреме Македонија го започна одлично, имаше водство од четири гола, но бразилците во 52.минута стигнаа до израмнување 22.22. Сепак Македонија го издржа и тој притисок и во продолжение даде шест, а Бразил само еден гол. Па така стигнавме до победа од 28-23.

Со победата над Бразил, Македонија обезбеди осминафинале, каде за противник ќе го имаме домаќинот на СП, селекцијата на Алжир.

Осминафиналните натпревари на програмата се утре (26 јули), а таму ќе се сретнат…

Франција – Фарски Острови,
Тунис – Исланд,
Германија – Шведска,
Данска – Норвешка
Унгарија – Словенија,
Хрватска – Русија и
Шпанија – Аргентина.

Дуелот Македонија-Алжир ќе се игра утре во терминот од 21 часот и 15 минути.

Еве како се радуваа нашите млади ракометари…