БОМБА! Меси се враќа во Барселона – Таткото на Лео веќе го направи првиот потег!

Loading

Започна чудесно. Доаѓањето на Лионел Меси во ПСЖ беше знак што навивачите го чекаа со надеж дека конечно ќе стигнат до титулата во Лигата на шампионите.

фото: PROFIMEDIA

Тоа не се случи, бидејќи парижаните добија шлаканици од Реал Мадрид и Карим Бензема во осминафиналето од елитното натпреварување, што беше почеток на хаосот во главниот град на Франција.

Публиката збесна, играчите беа испратени со свирежи на мечот против Бордо, пред се Нејмар и Меси. Поради сето тоа се подготвува егзодус на играчи од Париз, а меѓу првите би можел да си замине Аргентинецот. И ни помалку ни повеќе туку назад во Барселона.

„Таткото на Меси, Хорхе веќе стапил во контакт со Каталонците, имал неколку повици и сака Лео да се врати во Барса“, објави доверливиот новинар Жерар Ромеро.

Меси го напушти „Ноу Камп“ поради финансиски проблеми во клубот, па тоа е едно од главните прашања, но не е единствено.

Барселона со доаѓањето на Чави на клупата подготви нов проект, не е тајна дека го брка и Ерлинг Халанд.

Се чини дека Чави е тој што ќе ја има конечната одлука за евентуалното враќање – Меси или нов проект?