Во Шпанската примера допрва започнуваа возбудувањата на 5 кола до крајот на првенството.
Најголемото изненадување го направи Валенсија која на Ноу Камп ја победи Барселона со 2-1 во последниот натпревар од 33.коло.
Поразот е трет по ред за играчите на Луис Енрике или четврти вклучувајќи го и оној од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Барселона на врвот имаат ист број на бодови со Атлетико и само бод повеќе од Реал Мадрид.
Мадридските тимови во ова коло забележаа рутински победи, Реал кај Гетафе славеше со 5:1, а Атлетико со 3:0 ја победи Гранада.
Валенсија поведе во 27.минута кога Ракитиќ си постигна автогол, а Санти Мина лесно го совлада Браво за 2-0.
Барселона притисна во второто полувреме, но постигна само еден гол. Меси по проигрувањето на Алба го совлада голманот на Валенсија, а аргентинецот го постигна 500-от гол во кариерата, 450-ти во дресот на Барселона. Свои шанси во вториот дел имаше и Валенсија, но резултатот остана непроменет.
Шпанската Примера продолжува в среда, со натпреварите од 34.коло, Барселона ќе гостува во Ла Коруња, Реал ќе го пречека Виљареал, а Атлетико во дербито му гостува на Атлетик Билбао.