AUS Open 2016: С.Вилијамс и Кербер во финалето, Џоковиќ подобар од Федерер во Мелбурн!

Loading

Тенискиот гренслем Австралија опен што се игра во Мелбурн ги доби финалистите во женска конкуренција, а таму ќе се сретнат Серена Вилијамс и Анжелик Кербер.

serena-agneska

Бранителката на титулата, Серена Вилијамс, ја продолжи доминацијата против Агњешка Радванска, која во нивните сега веќе 9 меѓусебни дуели има освоено само еден сет.

Серена славаше со 6:0, 6:4, и се пласираше во своето 26-то Грен слем финале, а против Германката Кербер ќе се обиде да ја освои 22-та титула, со која на првото место на вечната листа би се израмнила со Штефи Граф. Кербер, во Мелбурн го играше своето трето полуфинале на Грен слем турнирите и успеа да се пласира во првото финале во кариерата.

Кербер, во полуфиналето, ја совлада Британката Џоана Конта со 7:5, 6:2.

Кај мажите Новак Џоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија опен откако во полуфиналето го победи најголемиот ривал Роџер Федерер со 3-1 во сетови 6-1, 6-2, 3-6 и 6-3 за 2 часа и 20 минути игра.

novak-djokovic-roger-federer-australian-open

Џоковиќ во финалето ќе го чека подобриот од второто полуфинале кое се игра утре и каде ќе се сретнат Енди Мареј и Милош Раониќ.