AUS Open 2016: Мареј со пресврт го победи Раониќ за 5-то финале во Мелбурн

Loading

Британецот Енди Мареј е вториот финалист на тенискиот гренслем турнир Австралија опен што се игра во Мелбурн.

Britain's Andy Murray (L) and Canada's Milos Raonic shake hands after Murray won their semi-final match at the Australian Open tennis tournament at Melbourne Park, Australia, January 29, 2016. REUTERS/Thomas Peter

Мареј, во полуфиналето со пресврт, го совлада Милош Раониќ од Канада со 3-2 во сетови 4:6, 7:5, 6:7, 6:4, 6:2, по 4 часа и 4 минути игра.

За Мареј ова е петто финале во Мелбурн, а второ по ред и ќе се обиде да ја освои својата прва гренслем титула во Австралија.

Досега ги има загубено сите финални мечеви во 2010, 2011, 2013 и 2015 година. Првото го загуби од Федерер, а последните три од Новак Џоковиќ.

Финалето кое ќе се игра на Род Лејвер Арена ќе биде 31-от дуел меѓу Џоковиќ и Мареј, а српскиот тенисер води со 21-9.

Најголемата борба се одвиваше во третиот сет, во која имаше само една можност за брејк Раониќ, но откако никој не попушти во играта, сетот влезе во тај брејк, каде пресуди сервисот на Раониќ, кој поведе со 2:1 во сетови.

Најзначајниот момент во четвртиот сет се случи во седмиот гем, кога Мареј успеа да му го одземе сервисот на противникот, а шанса Раониќ имаше веќе во наредниот гем да направи ри-брејк, но по 8 минути борба Мареј успеа да поведе со 5:3. До крајот на сетот, Мареј пропушти сет топка на 5:3 и сервис на Раониќ, но потоа Британецот сигурно го одигра својот сервис гем и израмни во сетови на 2:2.

Во 5-тиот сет поради загубениот сет, лошо се одрази по Раониќ, што дополнително ја крена самодовербата кај Мареј, кој експресно стигна до предност од 4:0, а потоа и до победа од 6-2.