НБА: Тексашкото дерби за Хјустон, Бруклин ја шокираше Оклахома!

Loading

Во НБА лигата се одигра 4 натпревари.

nba1

Хјустон во тексашкото дерби го победи Далас со 115-104. Харден постигна трипл-дабл од 23 поени 15 скока и 10 асистенции, а Тревор Ариза постигна 29 поени. Најефикасен во Далас беше Парсонс со 31 поен.

Бруклин направи изненадување против Оклахома каде ја прекина серија на Тандер од 7 победи по ред и славеше со 116-106. Кај Бруклин, Брук Лопез одигра фантастичен натпревар и постигна 31 поен и 10 скока. Дурент постигна 32 поени и додаде 10 скока, а Расел Вестбрук постигна 27 поени и додаде 11 украдени топки кај гостите.

Клиперси беа поразени од Торонто со 112:94. Кајл Лоури постигна 21 поен, а Јонас Валанчиунас 20 поени. Кај гостите Крис Пол постигна 23 поени и 11 асистенции, а Деандре Џордан додаде 15 поени и 13 скока. Клиперси беа ослабени со неиграњето на Блејк Грифин.

Бостон ја декласира Филаделфија со 112:92. Кај Селтикси Краудер и Томас дадоа по 20 поени. Кај Филаделфија, Ковингтон беше најефикасен со 25 поени.

За вечерва на програмата во НБА лигата се 9 средби меѓу кои и дербито на западот дуелот меѓу Голден Стејт и Сан Антонио.