На тенискиот гренслем Австралија опен комплетирани се полуфиналните парови во машка и женска конкуренција.
Кај мажите во второто полуфинале ќе играат Мареј и Раониќ. Мареј го победи Ферер во полуфиналето во Мелбурн, и ја забележа четвртата победа во петтиот дуел со Ферер, овојпат со 3-1 во сетови 6:3, 6:7, 6:2, 6:3 по 199 минути игра.
Милош Раониќ пак во 1/4 финалето славеше над Гаел Монфис со 3:1 во сетови 6:3, 3:6, 6:3, 6:4.
Полуфиналето во Мелбурн е второ за Раониќ на некој од Грен слем турнирите, откако пред две години играше во полуфиналето на Вимблдон.
Раониќ и Мареј својот полуфинален меч ќе го одиграат во петок, од 9:30 часот по средноевропско време.
Утре во истиот термин, во првото полуфинале ќе се сретнат Новак Џоковиќ и Роџер Федерер.
Кај дамите во полуфиналето ќе играат Британката Џоана Конта и Германката Анжелик Кербер.
Конта, во дуелот на тенисерки кои никогаш не играле во четвртфинале на некој Грен слем, славеше над Кинеската Шуаи Женг со 6:4, 6:1, а Кербер, ја изненади Викторија Азаренка и славеше со 6:3, 7:5.
Германката се избори за своето трето Грен слем полуфинале, прво на Австралија Опен.
Полуфиналето кај дамите се игра утре.