НБА: Дурент ги реши Никси, а Новицки, Лејкерс, победа на Филаделфија!

Во НБА лигата се одиграа 8 средби.

durant knicks

Оклахома со многу мака во Медисон Сквер Гарден ги совлада Никси со 128-122 по едно продолжение.

Дурент постигна рекордни сезонава 44 поени, а Вестбрук заврши со 30 поени, 10 скока и 8 асистенции. Њујорк го предводеа Геловеј со 21 поен односно Вилијамс со 19 поени и 10 скокови.

Бруклин загуби од Мајами со 98:102. Вејд и Бош го однесоа Мајами до победата, откако и двајцата постигнаа по 27 поени.

ЛА Клиперс победи во Индијанаполис со 89:91. Во отсуство на повредениот Блејк Грифин, Клиперси до победата ги однесе Крис Пол со 26 поени, 6 скока, 7 асистенции. Кај Индијана се истакна Пол Џорџ со 31 кош и 11 скока.

Филаделфија славеше над Феникс со 113:103 и ја запиша седмата победа во сезоната. Смит со 20 поени, беше лидерот на 76ките на овој натпревар.

Милвоки го победи Орландо со 107:100, па сега и двата тима имаат по 20 победи во сезоната.

На другите средби Торонто го победи Вашингтон со 106:89, Далас како гостин беше поуспешен од ЛА Лејкерс со 92:90, а Портланд славеше над Сакраменто со 112:97.

За вечерва предвидени се исто така 8 средби.