Атланта и Торонто поведоа со 3-2 во победи против Бостон и Индијана

Loading

Само две плејоф средби се одиграа во НБА лигата и тоа во источната конференција.

playoffs1-2016

Тимовите на Торонто и Атланта поведоа со 3-2 во победи во плејоф сериите против Индијана и Бостон.

Торонто, против Индијана, во третата четвртина заостануваше 15 поени, но потоа Репторси направија серија 23:2, со која стигнаа на чекор до пласман во конференциското полуфинале со победата од 102-99.

raptors

Демар Дерозан го одигра најдобриот меч во серијата, постигна 34 поени, додека на спротивната страна Пол Џорџ имаше 39 поени и по 8 скокови и асистенции.

Кошаркарите на Атланта блескаа во последната четвртина, во која постигнаа 42 поени и на крајот славеа убедливо над Бостон со 110:83.

Мајк Скот постигна 17 поени, а поен помалку реализираа Џеф Тиг и Кент Бејзмор. Еван Тарнер со 15 поени го предводеше Бостон.

cel-haw

Вечерва на програмата се три средби од плејофот:

Мајами-Шарлот,
ЛА Клиперс-Портланд и
Голден Стејт-Хјустон.