АБА: Црвена Ѕвезда старо-нов шампион… Во финалето подобри од Мега Лекс со 3-0 во победи!

Loading

Кошаркарите на Црвена звезда ја одбранија титулата во јадранската АБА лига, откако и во третиот меч во финалето против Мега Лекс стигнаа до победа за конечни 3-0 во финалето.

mega-crv

На третиот натпревар од финалето одигран во Сремска Митровица „црвено-белите“ со убедливи 61:49 беа подобри од домашната екипа.

Квинси Милер со 18 поени и 8 скокови беше најзаслужниот за победата на белграѓани, додека Раде Загорац со 21 поен е најефикасниот во Мега Лекс.

Стеван Јовиќ од Црвена Звезда беше прогласен за МВП играч во финалето.

mega-crv1 mega-crv2 mvp jovic

Ова најверојатно беше последниот натпревар од АБА лигата поради најавата за нејзино згаснување по санкциите од ФИБА за федерациите кои го поддржуваат регионалното натпреварување.

aba liga crvena champion

Инстерти од мечот…