Заминува и капитенот Џон Тери од Челзи!

Капитенот на Челзи, Џон Тери, по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, откако клубот не му понудил нов договор.

john-terry1

35 годишниот Тери во клубот пристигна на 14-годишна возраст, а со Челзи освои пет титули во Премиерлигата, пет трофеи во ФА купот и еден во Лигата на шампионите.

„Клубот реши поинаку, супер ќе беше да останам тука, изјавил Тери кој воедно ги демантираше информациите дека ако замине од Челзи ќе ја заврши фудбалската кариера.

john-terry

„Не би можел да играм за ниту еден друг клуб во Премиерлигата. Ќе играм надвор од Англија. Чувствувам дека можам да играм уште неколку сезони, само што тоа ќе го направам на некое друго место. Ниту еден играч не е поголем од клубот“, заврши Тери кој за сините од Стенфорд Бриџ има 477 настапи со постигнати 40 голови.