Мега дуел во 1/8 финалето од ФА купот, Челзи на мегдан со Манчестер Сити!

Loading

Челзи и на Манчестер Сити ќе играат во 5-тата рунда или осминафиналето од англискиот Лига куп.

Chelsea VS Manchester City

Тие воедно ја сочинуваат и најатрактивната двојка во оваа натпреварување, по одиграните натпреварите од четвртото коло.

Освен овој мега дуел познати се и паровите за осминафиналето, а бранителот на трофејот и победник во последните две изданија од ова натпреварување, тимот на Арсенал за противник ќе го има Хал.

Блекбурн ќе го чека повторниот дуел меѓу Ливерпул и Вест Хем, а Ридинг победникот од натпреварот меѓу ВБА и Питербороу.

Во Лига купот ќе има уште една премиерлигашка пресметка меѓу Тотенхем и Кристал Палас, а во останатите натпревари од 5.коло ќе играат: Шрусбери – Манчестер Јунајтед, Бурмаут – Евертон и Ватфорд – Лидс.

На 9 февруари ќе се играат повторените средби од четвртата рунда, по кои ќе бидат познати и последните два тима во осминафиналето, кое е закажано за 19 февруари.