Видео: Рафаел Надал 2016 ја започна со триумф на АТП егзибицискиот турнир во Абу Даби

Loading

Рафаел Надал со титула на егзибицискиот турнир на шампионатот Мубадала во Абу Даби ја започна 2016 сезона во тенисот.

Nadal-Abu-Dhabi-2016

Надал во финалето беше подобар од Милош Раониќ и стигна до третата титула. Првиот сет беше решен во тај-брејк со 7:6 за шпанецот, а вториот исто така го доби Надал со 6:3.

За Надал ова е добар почеток на новата година во која ќе се обиде да дојде до што подобри резултати и подобар ранкинг на АТП листата.

Наредниот предизвик е во Доха каде Надал е втор носител, а прв ривал Пабло Карено Буста успеа да го победи со 2-1 во сетови.

Во Абу Даби третото место го освои Давид Ферер кој го победи Стен Вавринка со 2:1 во сетови, додека како петти заврши Фелисијано Лопез откако го победи Кевин Андерсон со 2:0 во сетови.

Nadal1-Abu-Dhabi-2016

Турнирот во Абу Даби претставува подготовка за најдобрите тенисери за новата сезона што почнува со настапи во Доха, во Ченај и во Бризбејн, а сите се загревање за првиот Гренд слем турнир, Австралија опен, што ќе започне кон средината на овој месец.