Видео: Рекордна 6-та гренслем титула за Џоковиќ на Австралија опен!

Во Мелбурн заврши првиот тениски гренслем во годината Австралија опен.

Australian Open Tennis

До пехарот кај мажите стигна Новак Џоковиќ кој ја одбрани титулата од минатата година. Ноле стигна до 6-тиот гренслем трофеј во Австралија или 11 грен слем титула во кариерата, откако во финалето славеше над Енди Мареј со 3:0 во сетови 6:1, 7:5, 7:6 за нешто помалку од три часа игра.

Ова за него беше 11 победа на последните 12 пресметки со Мареј кој пак стана прв играч во историјата кој петти пат загуби во финалето на еден ист голем турнир.

Џоковиќ се израмни според освоените пехари со рекордерот Рој Емерсон, кој досега беше единствениот човек во историјата на „белиот спорт“ кој успеал шестпати да го освои победничкиот пехар на Австралија опен.

Пред Џоковиќ сега во вкупниот број освоени гренд слем-трофии остануваат Емерсон со 12, Рафаел Надал и Пит Сампрас со по 14, и рекордерот Роџер Федерер кој има освоено 17 титули на овие турнири.

Кај дамите германската тенисерка Анџелик Kербер приреди големо изненадување освојувајќи го првиот грен слем турнир во кариерата со победата над Американката Серена Вилијамс со 2-1 во сетови 6-4, 3-6, 6-4.

Серена остана на 21 трофеј, не успевајќи да се израмни со достигнувањето на Штефи Граф која има 22 гренд слем-титули.

Победниците во машка и женска конкуренција освоија и парични награди во висина од 3,4 милиони австралиски долари.