МЗТ Скопје и покрај тоа што беше голем фаворит за победата на натпреварот кој го одигра пред своја публика во СЦ Јане Сандански, сепак не успеа да ја совлада Сутјеска, во 19. коло од јадранската АБА лига.
МЗТ Скопје загуби благодарение на судиите кои на 2 секунди досудија чекори на Дамјан Стојановски кои го погоди кошот за израмнување на 73-73. Кошот беше поништен, а до крајот Сутјеска со двете реализирани слободни успеа да ја однесе победата со 75-71.
Првите три четвртини завршија со нерешен исход, а решавачката предност гостите од Црна Гора ја направија во последниот период што го добија со 24:20.
Урош Луковиќ со дабл-дабл учинок од 17 поени и 18 скокови беше најистакнатиот поединец во редовите на МЗТ Скопје. Дамјан Стојановски, Марко Луковиќ и Марко Љубичиќ постигнаа по 13, а Ѓорѓе Дреновац 10 поени.
Ова за МЗТ Скопје е голем пех кој во случај на триумф ќе останеше осамен на петото место во поредокот, со победа повеќе во однос на конкурентите.
Па така сега Металците останаа на 5-тото место со 27 бода и ја предводи групата од 4 екипи кои исто така имаат 27 бода по 8 победи и 11 порази.
Во следното коло МЗТ Скопје игра нагости во Загреб, каде што ги очекува тежок дуел со Цибона.